Стипендии за магистерски студии

                 

 

Почитувани идни Магистранди,

Универзитетот ФОН и оваа година го распишува конкурсот за стипендисти за Магистерски студии односно за 5та година.

Оваа година системот за аплицирање е отворен на три нивоа и идните магистранди може да аплицираат за стипендија за магистерски студии на ФОН Универзитет или пак на ФОН со можност за двојна диплома со ЦИФЕ од ФРАНЦИЈА или UMEF Универзитетот од Швајцарија.

Може да аплицирате за:

1. Целосни и делумни стипендии за студирање на некој од факултетите во склоп на на ФОН Универзитет за магистерски студии. (Листа на факултети на овој ЛИНК)

2. Целосни и делумни стипендии за магистерски студии (заедничка диплома) само за студентите на правни и политички науки во соработка со меѓународниот институт ЦИФЕ од Франција. (Повеќе детали на овој ЛИНК)

3. Целосни и делумни стипендии за магистерски студии (двојна диплома) на факултетот за економски науки и факултетот за правно-политички науки во соработка со UMEF Универзитетот од Швајцарија. (Повеќе детали на овој ЛИНК)

Правила и одредби:

1. Апликантите треба да имаат завршено 4 годишни додипломски студии или пак да имаат завршено 3 годишни студии и 1 година специјалистички студии, во двата случаја потребно е да бидат оформени 240 кредити и да се поседуваат уверенија за дипломирање. 

2. Апликантите треба да покажат силна мотивација и стипендијата да ја искористат за унапредување на своето професионално знаење и истата да ја искористат за подобрување на општествените и бизнис процеси во Република Македонија.

3. Апликантите ќе бидат оценувани на 3 нивоа:

- Тестирање од областа на факултетот за кој аплицираат (Тестот ќе биде електронски и се полага во ограничено време од вашите домови во определен термин кој ќе ви биде соопштен една недела пред тестирањето) максимум 50 поени.

- Интервју со стручна комисија, максимум 20 поени.

- Поени од успех од додипломските студии, максимум 30 поени (вашиот просек од додипломски студии помножен со коефициент 3)

4. Пред да аплицирате внимателно разгледајте ги студиските програми и насоки кои се нудат на втор циклус односно 9ти и 10ти семестар на Факултетите во состав на ФОН Универзитет.

- Апликантите имаат право да аплицираат само еднаш за само еден факултет за стипендија за магистерски студии на една од понудените 3 опции за стипендирање.

- Универзитетот го задржува правото да не ги покани на тестирање апликантите кои внеле нецелосни или непотполни податоци.

- Податоците во формуларот се внесуваат исклучиво со кирилична поддршка, освен полето за емаил (внимателно внесете го вашиот емаил на истиот ќе ги добивате сите податоци).

- Еден апликант има право да поднесе пријава за само една од следниве понудени програми за стипендирање! Двојните пријави нема да бидат земени во предвид.

СИТЕМОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Е ЗАТВОРЕН! (17.11.2019 / 19:21:43)

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?