Конкурс за упис на студенти за 2019-2020

Универзитетот ФОН го распишува конкурсот за упис на нови студенти во академската 2019/2020 година.

На Првиот приватен универзитет - ФОН, во академската 2019/2020 година можат да се запишат вкупно 990 студенти на прв циклус студии на следните студиски програми:

Постапка и рокови за пријавување на кандидатите и запишување на студиите:

  • прв  уписен рок:
    • за пријавување  -  од распишување на конкурсот до 21 јуни 2019
    • за запишување - од 24 јуни 2019 до 28 јуни 2019
  • втор уписен рок  - 
    • за пријавување - од 1 јули 2019 до 06 септември 2019
    • за запишување - од 09 септември 2019 до 13 септември 2019
  • трет уписен рок  -
    • за пријавување - од 16 септември 2019 до 24 септември 2019
    • за запишување - од 25 септември 2019 до 30 септември 2019

При пријавување за упис е потребна следната документација:

  • Свидетелства од сите четири години на средно образование;
  • Додаток на сведетелство;
  • Диплома за завршено средно образование со положена државна односно меѓународна матура;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Уверение / Решение за државјанство;
  • Уплата на првата рата од школарината (600 евра во денарска против вредност);
  • 800,оо денари семестрални трошоци.

Износ на школарина

Школарината на ФОН Универзитет изнесува 1200 евра во денарска против вредност. Школарината се плаќа на следниов начин:

600 евра при поднесување на документацијата, 600 евра најдоцна до 1 февруари 2020.

Трошоците за депозит, школарина и семестрални трошоци се уплаќаат на посебни уплатници на жиро сметката на ФОН - 300-000-003-207-729 Депонент Комерцијална Банка.

На идните студенти на ФОН Универзитет им се овозможува да добијат по брза постапка студентски кредит за студии со 0% каматна стапка преку ХАЛК Банка. Универзитетот ја покрива каматата за студии. Студентите на овој начин плаќаат на 12 рати по 100 евра месечно со 6 месеци грејс период. Повеќе прочитајте со кликнување на овој ЛИНК. 

НАПОМЕНА: Заради ограничениот број на квоти за студенти, студентите имаат право да се запишат со потпишување на пред-договор за студирање кој стапува во сила по објавувањето на ранг листите.

Студентско досие

Сите документи во оригинална верзија се чуваат во досието на студентот до завршување на студиите. Во приемниот лист кандидатот се изјаснува на кој факултет се запишува и на кој наставен јазик ќе ја следи наставата. На ФОН Универзитетот се организира настава на македонски, англиски и албански јазик. На студии може да се запише и лице кои средно образование стекнало во странска држава, доколку дипломата му ја нострифицира Министерството за образование на Република Македонија. Под истите услови, на студии може да се запише и странски државјанин. Студиите на ФОН Универзитетот се со лично финансирање. Плаќањето на годишната школарина и другите меѓусебни обврски и права на студентот и Универзитетот се уредуваат со Договор за студирање кој се склучува по објавување на конечната ранг листа на примени кандидати. Секоја академска година се состои од два семестра (зимски и летен).

Изведување на настава

Наставата се организира согласно Европскиот систем за трансфер на кредити (ЕКТС). ЕКТС претставува систем на академско признавање на студиите кој вклучува:

  • информирање за студиските програми и постигнувањата на студентот;
  • меѓусебната доверба на факултетите во состав на Универзитетот;
  • меѓусебно спогодување на партнерските установи на Универзитетот и другите универзитет во земјата и во странство;
  • употребата на кредити како мерка за оптовареноста на студентот.

ЕКТС се применува во остварувањето на студиските и на предметните програми за:
1. Стручно образование;
2. Додипломските студии (прв циклус на студии);
3. Последипломските - специјалистички¬те и магистерските студии (втор циклус на студии);
4. Докторските студии (трет циклус на студии);
5. Доживотно образование.

Предметите од студиските програми на факултетите во состав на ФОН универзитетот се едносеместрални. Ако природата на студиите тоа го овозможува, со студиската програма може да се прилагоди организацијата и временското распоредување на предавањата, семинарите и вежбите според можностите на студентите (вонредни студии).

Студентот има право испитите да ги полага преку колоквиуми. Во текот на секој семестар се организираат по два колоквиуми. Термините за одржување на колоквиуми се содржани во работниот календар за тековната учебна година.

Наставата и наставните активности во текот на еден семестар се организирани на следниот начин:

  • 6 седмици предавање и учење;
  • 1 подготвителна седмица пред полагање на првиот колоквиум;
  • 1 седмица за тестирање („колоквиумска седмица“);
  • 6 седмици предавање и учење;
  • 1 подготвителна седмица пред полагање на вториот колоквиум;
  • 1 седмица за тестирање („колоквиумска седмица“);
  • 1 подготвителна седмица пред завршното оценување;
  • 2 седмици за завршно оценување и испити.

Според ЕКТС завршната оценка за предметот кој се полага е збир на поени добиени од:

  • двата колоквиуми;
  • редовност во следење на наставата;
  • интерактивност во наставниот процес;
  • подговка на есеј, семинарски труд или проектна задача.

Во текот на студиите студентите имаат обврска да посетуваат практична настава.
Доколку студентот не го полагал испитот преку колоквиуми или доколку на тој начин не остварил доволно поени за пролазна оценка, има право испитот да го полага и во определените испитни сесии. Предметите за кои наставата се изведува во зимскиот семестар, студентот има право да ги полага во февруарската испитна сесија, а предметите за кои наставата се изведува во летниот семестар, студентот има право да ги полага во јунската испитна сесија.
Испитите по предметите кои нема да бидат положени во овие две испитни сесии, студентот може да ги полага во септемвриската испитна сесија.
По исклучок, на Универзитетот може да се организира и дополнителна испитна сесија ако координативното тело за спроведување на ЕКТС оцени дека за тоа има потреба. Одлуката за организирање на дополнителна испитна сесија ја донесува ректорот.

Систем за рано информирање

Универзитетот ФОН им овозможува на своите идни студенти да ги добијат сите информации поврзани со уписите и квотата на слободни места преку СМС или ВИБЕР. Податоците може да ги оставите со кликнување на следниов ЛИНК

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?