ФОН на сетот на Милчо Манчевски

Дел од студентите и професорите на Факултетот за дизајн и мултимедија, ФОН Универзитет, денес имаа можност да присуствуваат на снимањето на играниот филм „Врба” во режија на Милчо Манчевски. Со одобрение на господинот Манчевски дел од студентите имаа активно учество во снимање на филмот.
 
Посетата на сетот беше овозможена и изведена за студентите од трета година студии на ФДМ, по предлог на професорката Тања Ќурчинска Пепељугоска и претходни договори со продукцијата на филмот.
 
Денешното снимање се одвиваше на локации во Скопје: Камен мост, фонтаната кај Ибни Пајко и на платото на Музејот на современа уметност.
 
 
 

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?