Факултет за економски науки

Акредитации:

Студиите на прв циклус на студии на Економскиот факултет траат четири години (осум семестри).

Студиите на втор циклус на студии на Економскиот факултет траат една година (2 семестри).

Првите два семестри на првиот циклус се општи економски студии и во овој период студентите се запознаваат со основните поими и концепти на економијата според предметите што ќе ги изучуваат редовно или изборните предмети од програмата. Во текот на наредните 6 семестри тие се профилираат согласно областа што се определиле да ја студираат и здобиваат со звањето дипломиран економист (бачелар) од соодветната област. Програмите што можат да ги изберат во текот на првиот циклус на студии се во три области, и тоа:

  • Финансии;
  • Бизнис менаџмент;
  • Маркетинг.

По завршена четврта година студентите ќе се здобиjат со диплома на економист од соодветната област со 240 ЕКТС.

По завршувањето на петтата година од вториот циклус на студии, студентите се стекнуваат со дополнителни 60 ЕКТС (вкупно 300 ЕКТС) и по одбраната на магистерскиот труд со звање магистер на економски науки од соодветната област.

Програмите што можат да ги изберат во текот на вториот циклус на студии се исто така во три области, и тоа:

  • Финансии (модул: банкарско-монетарен и модул: меѓународни финансии);
  • Бизнис менаџмент;
  • Маркетинг.

Според ЕКТ Системот, дипломите што ќе се добијат на овој факултет ќе бидат еквивалентни на дипломите што се добиваат на универзитетите во Европа. На факултетот предаваат афирмирани наставници во науката и практиката кои се ставаат на располагање на студентите и на факултетот воопшто со цел изведување настава, но и на научно-истражувачка дејност од полето на економијата.

Ви се допаѓа ли ФОН Универзитет?